
Sports
Bealla Di Supra 2026'
À propos de l'événement
Караула МТБ Струга со задоволство Ве поканува на велосипедски настан, планинска вело тура "Bealla Di Supra 2026"! 🌌
Детали за турата:
- Стартна точка: Camping Scout Krste Jon, Струга
- Дестинација: Влашка викенд населба Горна Белица, распослана на 1450 мнв на планината Јабланица.
Патека:
- Должина: 35 км (60% асфалт, 40% офф роад)
- Елевација: 850 м
- Ниво на тежина: 7/10
- Време за возење: приближно 4 часа
🚴♀️ Пауза: На првата поголема освежителна станица во с.Вишни. Потпрете се на убавините на живописната Јабланица!
Крај на турата: Хотел Белица – поголема пауза со ручек 🍽️, дружење и доделување благодарници! 💌 Ручекот го обезбедува организаторот, а пивцето и другите пијалоци Ве молиме да ги донесете самите.
Правила за учество:
- Секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое е физички подготвено.
- Обавезно поседување технички исправен велосипед, кацига, резервна внатрешна гума и облека според времето.
- Учесникот вози на сопствена одговорност!
- Организаторот го задржува правото за промени поради непогоди! 🌧️
Бидете дел од оваа незаборавна авантура!
👉 За повеќе информации и за пријавување: Тикет линк
Événements similaires
Lieu
Struga, North Macedonia
Itinéraire