🏁ЗАПАДНО РЕЛИ НА ОЛДТАЈМЕРИ⏱️

🏁ЗАПАДНО РЕЛИ НА ОЛДТАЈМЕРИ⏱️

Acquista biglietti
Info sull'evento

🚗 ВМ Класик Западно Рели на Олдтајмери
Државно првенство во авто – мото рели со историски возила.

Програма на релито:

Сабота, 12.09.2026:

  • 08:00 - 08:30: Пристигнување на учесниците (Скопје, Сквер Јадран)
  • 08:30 - 09:00: Технички преглед и верификација
  • 09:00 - 09:20: Брифинг со натпреварувачите
  • 09:30: Свечено отварање
  • 10:00: СТАРТ на релито (ептапа 1, 43 км)
  • 11:00: Цел на првата етапа (Ресторан New Place Фалише, Тетово)
  • 12:00: Старт на втората етапа (93 км)
  • 14:00: Цел на втората етапа (Дебар) - Дефиле низ градот и изложување на возилата, ручек
  • 15:00: Старт на третата етапа (47 км)
  • 16:00: Крај на третата етапа (Вевчани, спортско игралиште)
  • 18:30 - 19:00: Сместување во хотел Ембла, Струга
  • 21:00: Свечена вечера и прогласување на најуспешните натпреварувачи.

Недела, 13.09.2026:

  • 07:00 - 09:00: Доручек
  • 11:00: Тргнување кон Јегуновце
  • 12:30: Стража - Пауза
  • 14:00: Изложба во Јегуновце и Ретрокана (натпревар во спретно возење), ручек
  • 18:00: Крај на Релито во Скопје.

⚠️ На релито ќе се настапува по сите сообраќајни прописи и правила согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Котизација: 6000 денари (вклучени се пијалоци и ручек пакет на паузите, вечера, хотелско сместување во Хотел Ембла, доручек и ручек во недела).

👉 За уплата, покрај Вашето име во цел на дознака напишете „Котизација за рели“
📌 Платежна сметка: Комерцијална Банка 300000005262092
🔗 Контакт: vmclassic7@gmail.com

📍 Локација: Улица Никола Кљусев 6, 1106 Скопје, Северна Македонија

Повеќе информации во настанот на Facebook

Trovato da Somo·Vedi originale
Luogo

Улица Никола Кљусев 6, 1106 Скопје, Северна Македонија

Come arrivare

Questa settimana a Sverige